Една од црните кутии на паднатиот руски авион е оштетена


Истражните органи ја извадиле и провериле соддржината на апаратот за регистрирање на податоците на летот – една од двете таканаречени црни кутии на рускиот авион, што во текот на викендот се урна во Египет, соопшти денеска Министерството за цивилна авијација, цитирано од британските медиуми.padddd_thumb_medium500_282

Во соопштението, меѓутоа, се прецизира дека втората црна кутија, што го соддржи записот од гласовите во пилотската кабина (cockpit voice recorder, CVR) е делумно оштетена и неопходно ќе биде многу работа за да се извлечат податоците од неа.

„Затоа не можеме да даваме натамошни коментари за тоа што е запишано во апаратот за гласовите од пилотската кабина. И натаму трае истрагата на остатоците од местото на несреќата“, соопшти министерството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1