Земан: Тајната служба ме предупреди пред терористички напад


Во околината на Кабинетот на чешкиот претседател Милош Земан, кој се наоѓа во Прашкиот замок ќе бидат преземени засилени безбедносни мерки заради закани од терористички напад.

Ова го потврди самиот претседател, објаснувајќи дека за опасноста бил информиран од Безбедносната информативна служба (БИС), јави дописникот на МИА од Прага.snajper - mk

Дел од мерките е, поставување на рампи во непосредна близина на претседателскиот Кабинет и систем со камери во пошироката околина на Замокот.

Земан изјави дека мерките не се поради неодамнешниот инцидент, кога во знак на револт граѓанската група Зтоховен го симна националното знаме од Замокот и на негово место обеси огромни црвени гаќи.

– Секако дека предупредувањето беше општо, не ми беше укажано на терористите ниту опишан модел на напад – рече Земан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1