Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајка во Струмичко


Триесет и двегодишен струмичанец го загуби животот, а друго лице е потешко повредено, во сообраќајна незгода, што се случи утринава околу 6 часот, на локалниот пат Ново Село-Мокриево, во Струмичко

soobrakjajka sudirДо сообраќајната незгода дошло откако патничкото возило „опел вектра“, управувано од Горан П. (82), движејќи се по локалниот пат од село Мокриево кон Ново Село, удрило ограда направена од камења, по што од ударот на лице место починал возачот Горан П. од Ново Село, додека совозачот З.Т.(81), исто така од Ново Село, се здобил со тешки телесни повреди. Со возило на Брзата помош од Струмица, веднаш се пренесени во „Општата болница“, во Струмица, каде кај возачот е констатирана смрт, како резултат на тешките телесни повреди, додека З.Т. е задржан на понатамошно лекување. Екипа на СВР Струмица ги утврдува причините за сообраќајката.

Инаку, во последно време зачестија сообраќајките на патиштата во Струмичко, и се почесто има жртви. Пред само два дена, пред влезот на селото Сеќирник, камион прегази старец, кој со тешки телесни повреди беше хоспитализиран на хируршкото одделение во „Општата болница“ во Струмица, од каде под итно е префрлен на клиниките во Скопје. Само пред десетина дена, во тешка сообраќајна незгода, животот го загуби дваесетишест годишниот Аце П. од село Моноспотово. Сообраќајката се случи на магистралниот пат Струмица-Ново Село, како причина, според неофицијални извори, се наведува неприлагодената брзина на условите на патот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1