Уште една сообраќајна несреќа со човечка жртва во главниот град. Утринава на влезот на Катлановска бања се судриле автобус кој сообраќал од Транспортниот центар кон бањата и автомобил марка „застава“ при што на лице место загинал возачот на автомобилот, објави Алфа.
Според информациите се работи за човек на околу 30 години кој во моментот на насреќата бил сам во автомобилот.