Деветнаесет годишно момче од село Турново загина, а негов врсник се здобил со тешки телесни повреди откако излетале од коловозот во речното корит на реката Струмешница, на излез од селото Дабиле.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ.
Момчето кое се здобило со тешки телесно повреди е пренесено во Медицинскиот центар во Струмица, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен ценатр Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.