Египетските безбедносни сили убија еден од напаѓачите кој пукаше кон туристите во хотелот во египетското летовалиште во Хургада, јави египетската државна телевизија.
Двајца туристи, еден германец и еден од Данска се ранети, кога поголем број на вооружени напаѓачи, кои дошле по морски пат извеле напад на туристите.
Египетските безбедносни сили возвратија на нападот.