Радикалните исламисти во Египет побараа од новиот претседател Мохамед Морсија да ги сруши пирамидите во Каиро.
Тие тврдат дека пирамидите претставуваат симбол на паганизмот и затоа го охрабруваат Морсија, кој е член на исламистичката партија Муслимански браќа, да ги сруши, пишуваат египетските медиуми
Во каузата им се придружил и еден член на исламистичка партија од Бахреин кој го повика јавноМорсија да ги сруши пирамидите и така да ја оствари целта која не успеал да ја заврши Амр Бин Ал Ас, следбеника на пророкот Мухамед.
Амр Бин Ал Ас отишол на воен поход на Египет во 641-та година од новата ера. Негвото племе и тој го окупирале античкиот Египет и почнале со уништување на културните објекти и историското наследство. Спомениците на кои наидувале биле прогласувани за пагански и уништувани до темел.
Уништувањето на пирамидите е забрането во 7-миот век од страна на христијаните, муслиманите и останатите верски заедници, па така неговата мисија била сопрена и пирамидите стари 4000 години останале недопрени.
Уништувањето на пирамидите не е единствена цел на радикалните исламисти, пред две недели ги оскревнавеле и уништиле античките гробници кај познатата Џингарејбер џамија во Тимбакту(14-ти век) и дел од светската градина на УНЕСКО.