Грчкиот дневен весник “Екатимерини”, во својата вчерашна вест за извештаите на Европската комисија за земјите-кандидати за членство во Европската унија, објавена на интернет-страницата на англиски јазик, за Република Македонија го употреби уставното име на државата.
Цел ден на веста на еден од најтиражните весници стоеше дека – Република Македонија (или Republic of Macedonia, на англиски) добила петта позитивна препорака од Комисијата да ги почне пристапните преговори.
(http://www.ekathimerini.com/4dcgi/_w_articles_wsite1_1_16/10/2013_523395)
Дури по цел еден ден, најверојатно откако некој реагирал, весникот ја измени веста и напиша ФИРОМ
Еве ги фото од двете вести