Екс директор на кумановски водовод – изел и испил 100 илјади евра


Поранешен директор на ЈП “Водовод” – Куманово, В.Б. (38) од Куманово, заработил кривична пријава откако полицијата открила дека за три години испил и изел околу 100 илјади евра.

KUMANOVO_Кумановската полиција, постапувајќи по поднесена пријава од група вработени во ЈП Водовод” – Куманово, за незаконско и недомаќинско работење на одговорните лица во јавното претпријатие, до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (38) од Куманово, поранешен директор на ЈП Водовод” – Куманово поради основано сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување”, информираа вчера од МВР.

Според полицијата, по поднесената пријава бил извршен увид во книговодствената евиденција на ЈП Водовод”, при што било констатирано дека пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие во периодот од 2010, 2011 и 2012 година во пет угостителски објекти од Куманово на кои им било фактурирано за потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги не ги наплатувал побарувачките, туку ги компензирал со ручеци и седенки со свои пријатели.
Исто така, и во еден угостителски објект кој не е корисник на градската водоводна мрежа и не е регистриран во ЈП Водовод” – Куманово како потрошувач на вода директорот користел угостителски услуги на име на ЈП Водовод”. Полицијата пресметала дека тој го задолжил претпријатието во вкупен износ од 6.030.469 денари.

Инаку, кумановската полиција на ексдиректорот и претходно му има поднесувано кривични пријави за злоупотреба на службена положба и овластување”. В.Б. директоруваше со кумановскиот Водовод” цели седум години. Оставка си поднесе во септември минатата година, а на негово место дојде Горан Стојковски. Во биографијата на осомничениот В.Б. стои и дека бил претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1