Овие информации за Вест ги потврдил првиот човек на аерроклубот „Скопје“, Дејан Саздов.
-При слетување, пилотот направил ученичка грешка. Цесната, на мала брзина, се преврте при слетување. Пилотот Мехмеди не е повреден, со него отидовме на лекарски преглед. Авионот, исто така, изгледа не е многу оштетен. Веќе е товарен на камион и испратен на сервис во Србија, рекол Саздов за Вест.
На местото на инцидентот излегле инспектор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и истражител на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
-Ова бил прв самостоен лет на пилотот, по завршувањето на обуката. Имал проблеми при слетувањето на пистата на аредромот Стенковец. Ќе се истражи и утврди причината за сериозниот инцидент и висината на штетата на цесната 172, велат за Вест од Комитетот за истраги.
Ексдиректорот на Агенцијата за воздухопловство, Илир Мехмеди во моментов работи во оваа институција како раководител на сектор. Од аероклубот „Скопје“ велат дека Мехмеди имал поднесено уредно и валидно лекарско уверение и дека биле испочитувани сите процедури пред тој да седне во пилотската кабина.