Екс премиер, новинар и богаташ – ќе прават партија – Бучковски, Зиков и Минчо Јорданов


zikov

Владо Бучковски, Минчо Јорданов и Љупчо Зиков се иницијаторите на Движењето Граѓани за позитивна Македонија, вели Зиков за НОВА.

Како што изјавил тој за порталот, во моментов не е дефинирана лидерската позиција, бидејќи ваквата одлука би била донесена на Конгресот на движењето.

Формирањето ќе биде во мај, а се преговара со 40-тина проминентни интелектуалци, уметници, бизнисмени и спортисти од сите политички провиниенции. Како што вели Зиков, акцентот е на јавни личности кои до сега не се занимавале со политика.

– Се работи за движење со лева центристичка позиција, сосема различно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во смисол на култивирана, граѓанска опција, вели Зиков за НОВА и дополнува дека ќе се повлече од функцијата на главен и одговорен уредник од групацијата Капитал во моментот кога ќе се формира ова движење.

minco jordanov

bucko-500

Како што најавува тој, движењето би можело да прерасне во партија ако во скоро време се донесе одлука за предвремени парламентарни избори. Според пишувањето на порталот НОВА, Стевчо Јакимовски не е дел од ова движење, и тој би можел да формира одделна партија.

– Според моја проценка и длабока политичка анализа, сметам дека опозициониот простор не е исполнет. СДСМ не успева да парира на државните политики од владејачката партија со што понудата за политички избор на граѓаните е навистина претесна.

Постои голем број на политички лидери, пријатели, аналитичари кои што ме поттикнуваат, особено по големата победа во Карпош, да размислувам за основање на нов политички субјект. Јас се уште не можам да кажам дека сум одлучил на таков чекор, но не се исклучува таква можност – коментираше Јакимовски вчера на прашањето за формирање на трет опозициски блок.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1