Ексклузивно – се организира КОМИЧЕН ИДОЛ – ако мислите дека сте смешен, пријавете се (Видео)


Оргинален ТВ проект се најавува во Македонија. Ќе се организира ИДОЛ но не за пеење или играње туку ИДОЛ за смеење, на кој може да се пријават комичари аматери, не информираат од Стенд УП Македонија.

Ако мислите дека сте смешен наместо да си закачувате клипчиња само на YOU TUBE пробајте си ја среќата – овој проект ветува многу смеа.

Секој од петте победници ќе добие и две тегли ајвар- македонски Оскар во областа на стенд ап комедијата!!! но и ќе стане ексклузивец на Стенд Уп Македонија

Еве што за MKnews.MK ни открија за овој проект.

Почитувани екслузивно за вас

Официјално од утре почнува пријавувањето за СТЕНД АП ИДОЛ МАКЕДОНИЈА.Се работи за телевизиски проект кој има намера да ни ја врати насмевката на лицата. Сите талентирани и помалку талентирани за хумор во Република Македонија можат да се пријаватат со СМС порака, а доколку се срамат да излезат пред жирито на СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА, тогаш можат со својот мобилен телефон да снимат хумористичен клип, виц, шега, лудорија или некоја смешна ситуација која се случила навистина, да го закачат видеото на YOU TUBE, и потоа насловот на истото да го пријавата со СМС на бројот 141 221 од сите оператори.

Во жирито ќе учествуваат најпознатите македонски, но и балкански стенд ап комичари. Наскоро ќе биде објавена и телевизијата на која ќе се емитува.

Натпреварувањето ќе се одвива во неколку круга, по пат на елиминации и гласање за своите фаворити на малите екрани, како и на интернет на facebook Stand up Macedonia, со што на крајот во големото финале ќе останат 12-те апостоли на македонскиот стенд ап од кои ЌЕ СЕ ИЗБЕРАТ, НЕ ЕДЕН, НЕ ДВАЈЦА ,ТУКУ ПЕТТМИНА ПОБЕДНИЦИ КОИ ЌЕ СТАНАТ ЕКСКЛУЗИВЦИ НА СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА.

Нив ги очекува голема стенд ап претстава во новата Универзална сала на текст од авторите на НЕ МЕ ЛЕЧИ ДОКТОРЕ и НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ и продуцирана од СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА.Претставата екслузивно ќе биде снимана и поставена на МАХ ТВ.

Сите информации ќе се добиваат на facebook Stand up Macedonia.

Секој од петте победници ќе добие и две тегли ајвар-македонски Оскар во областа на стенд ап комедијата!!!

Зошто две-пријавете се и дознајте!!!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1