ВМРО-ДПМНЕ го повлече законот за бранителите и го поднесе по скратена постапка


Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ја прекина работата по законот за бранителите, откако Веле Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ информираше дека неговата пратеничка група го повлекла законот, информира МИА.


Истовремено кога законот бил повлечен истиот бил поднесен и во скратена постапка и оти до крајот на денов или најверојатно до утре потписи за поднесување на текстот по скратена постапка ќе стават сите 46 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

,,ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија. Она што го ветува тоа и го остварува, изјавил Георгиевски и најави дека ќе побара ограничување на обраќањата на неговите колеги што деловнички е дозволено. Така, рече дека 10 минути би траел говор на пратеник, три минути реплика и една минута контрареплика. Дополнително ќе побараме секој дискутант да се обрати само еднаш, рече тој.

,, законот за бранителите не е антилбански бидејќи во конфликтот во 2001 учествувале Македонци и Албанци, Турци, Срби, Бошњаци…, а меѓу загинатите имало и Албанци, рече Георгиевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1