СДСМ и ВМРО ДПМНЕ во коалиција против ГЕЈ браковите


И ова дочекавме – конечно СДСМ и ВМРО ДПМНЕ да имаат ист став за некое прашање и да не си контрираат.

По изјавата на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски дека додека е ВМРО ДПМНЕ на власт нема да има хомосексуални бракови и посвојување деца – различни реакции од сите страни.

За некои ова е дискриминирачка порака, за други сосема на место.

Денеска за ова прашање се огласи и СДСМ. Според Макфакс Петров кусо изјавил – ,, против сме,, а порталот плус инфо информира дека генералниот секретар на партијата, Андреј Петров, одговарајќи на новинарско прашање  изјавил –

,, Социјалдемократскиот сојуз е против истополовите бракови да имаат право да посвојуваат деца,,

Денеска реагирале и од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.
и тие се против бидејќи истополовите бракови не можат да бидат продуктивни и да бидат семејна заедница во вистинската смисла на зборот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1