МВР со засилени мерки за натпреварот Македонија – Србија


МВР пред утрешниот натпревар меѓу Македонија и Србија закажан за 20 часот и 30 минути ќе ги преземе сите неопходни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир и непречено одвивање на натпреварот, и спречување посериозни.

Еве што се вели во соопштението од МВР

Министерството за внатрешни работи, по одржаниот состанок со Фудбалската федерација на Македонија околу организацијата на утрешниот натпревар (16.10) на националните селекции на Македонија и Србија, беше информирано дека ФС на Србија во контактите со нив известил дека нема да има организирано патување за навивачките групи.

МВР, со оглед на законските обврски кои сите интернационални натпревари на националните слекции ги третира како натпревари со висок ризик, и во овој случај, пред утрешниот натпревар меѓу Македонија и Србија закажан за 20,30 часот на националната арена “Филип Втори“, ќе ги преземе сите неопходни плански мерки и активности за обезбедување на ЈРМ и непречено организирање и одвивање на натпреварот, како по однос на спречување посериозни инциденти така и по однос на безбедно одвивање на сообраќајот.

Така, меѓу другото, во рамки на сообраќајниот режим, утре од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците “Ленинова“ и “Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадин, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници. Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг просто во непосредна близина на стадионот.

Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот “Илинден“ кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби. МВР апелира до граѓаните, особено оние коишто со возила ќе се упатуваат кон националната арена, во посочениот период од 17 часот да ги почитуваат сообраќајните правила и да ги паркираат своите возила на дозволени паркинг простори.

Инаку, согласно постоечкиот Договор за полициска соработка меѓу македонското и српско МВР, во Скопје се пристигнати и четворица службеници на полицијата на Р.Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1