Поради увидот на полициските екипи сообраќајот на патот е во застој и се пренасочува по локалните патишта.
Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода што утрово се случи меѓу селата Требеништа и Мешеишта.
Според првичните информации во незгодата учествувале два автомибили и камион.
Во Хирушкото одделение во Охридската болница пренесено е едно лице со повреди на главата и е во животна опасност.
Во специјалната болница за ортопедија и трауматологија биле пренесени три лица, кои според директорот Митко Тилев, се надвор од животна опасност.
– Утрово околу 8 часот во нашата болница се донесени три лица со повреди на главата и естремитетите и се надвор од животна опасност, изјави Тилев за МИА.
Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево е во прекин, а возилата се пренасочуваат по заобиколни патишта.
Tv Nova со екслузивно видео од местото на несреќата