Ексклузивно видео: Едно лице се бори за живот по страшната сообраќајка кај Охрид


Поради увидот на полициските екипи сообраќајот на патот е во застој и се пренасочува по локалните патишта.

Четири лица се повредени во тешка сообраќајна незгода што утрово се случи меѓу селата Требеништа и Мешеишта.

Според првичните информации во незгодата учествувале два автомибили и камион.sooobrakajka-mesheishta

Во Хирушкото одделение во Охридската болница пренесено е едно лице со повреди на главата и е во животна опасност.

Во специјалната болница за ортопедија и трауматологија биле пренесени три лица, кои според директорот Митко Тилев, се надвор од животна опасност.

– Утрово околу 8 часот во нашата болница се донесени три лица со повреди на главата и естремитетите и се надвор од животна опасност, изјави Тилев за МИА.

Сообраќајот на магистралниот пат Охрид – Кичево е во прекин, а возилата се пренасочуваат по заобиколни патишта.

Tv Nova со екслузивно видео од местото на несреќата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1