Утрово на потегот кај Мешеиште-Требениште се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патички возила и едно товарно возило, информираат од СВР Охрид.
Во сообраќајката се повредени 4 лица и во моментов полициски и екипи од обвинителството вршат увид, информира Стефан Димовски, портпарол на СВР Охрид.

ФОТО: КУРИР
Сообраќајот на овој патен правец се пренасочува по локалните патишта.
Повеќе информации од СВР Охрид најавуваат во текот на денот.
А според неофицијланите информации кои Курир ги добива од терен, едно лице е пренесено во охридската болница и е со тешки телесни повреди, а во сообраќајката има и жртви.










