Ексклузивно за МKnews.MK: Нема кафе за Влатко Стефановски !!!!


Големиот Влатко Стефановски во неколку збора објасни дека нема фејсбук, нема твитер ни други социјални акаунти и нема мејлинг листа на новинари, зошто не сака публиката да ја заморува со себе си.

Да, убаво прочитавте. Нема кафе за Влатко Стефановски на Јелен Демофест.

Немаше време да пие кафе затоа што само што се појави на прес – во неколку минути одржа лекција од која се одушевија сите новинари и музичари. Легенда и ѕвезда, по сите параметри.


Ја нема новата 150-та профи фотосесија, не го фативме без костим за капење на плажа, нема семеен скандал, а сепак и кај стари и кај млади е звезда која никој не може да ја засени. Веројатно никој не се ни прашува зошто е тоа така.

Одговорот е едноставен и јасен – Она што само по себе се искачило на местото каде што треба, таму и останува.

Големиот Влатко Стефановски во неколку збора на прес конференцијата објасни дека нема фејсбук, нема твитер ни други социјални акаунти и нема мејлинг листа на новинари, зошто не сака публиката да ја заморува со себе си.

,, Одлични беа бендовите, ама како да им фали по некое штрафче за да бидат совршено добри. Треба повеќе вложување во сопствената оригиналност, никогаш да не имитирате никого, дури ни вашиот идол и денес е барем лесно, има интернет, има многу извори на музика.

Не е битно само да се појавиш во медиум. Има бендови и музичари кои по цел ден досадуваат на медиуми, имаат мејлинг листа и само праќаат информации. Тоа е дегутантно. Јас немам мејлинг листа. 

Што требаше сега да направам- да пратев фотографија, насмеан, и информација дека еве ме доаѓам во жири на Демофест, три дена …. Не велам дека  музичарите треба да бидат во илегала, но мора да се пронајде балансот, мерката меѓу медиумите и уметниците, кој колку и кога треба да биде застапен.

Секој ден читам како некоја нови  ѕвезда ќе пее на  Роштилијада во Лесковац, а сакам да прочитам информација на пример како големиот светски пијанист Симон Трпчески свири во Карнеги хол.

Во медиумите веќе има се и сешто, медиумите мора да поведат сметка да не се претворат во жолт печат, а пејачите и музичарите да не се дел од таа тривијална приказна. Таа мерка е нешто суптилно, беше изјавата на Влатко која на прес конференцијата предизвика многу аплаузи..

Потоа сите новинари пооделно итаа да земат изјава и интревју, а Влатко, иако се брзаше да замине, одвои време за сите, на сметка на тоа што не му остана време за кафе. !!!!!!!!!!!

Специјално за МКnews.МК даде одговор на неколку кратки прашања.

 -Искрено, јас како новинар, не верував дека ќе прифатите да дојдете да бидете во жири.

Влатко- Од ден на ден и јас почнувам да покажувам интерес за она што го работат младите бендови, што работат младите музичари, како размислуваат и до каде се стигнати.

Овој пат имав  неблагодарна улога да преслушам и оценам 300 бендови, се разбира многу од нив ги слушав на фаст форвард зошто објективно не можоев да постигнам  да ги преслушам сите меѓутоа драго ми е што во сето тоа мноштво од млади музичари и бендови има навистина квалитет кој е прилично над оној демо ниво.

-Ви се допаднаа?

Влатко- Има  бендови кои навистина звучат многу сериозно и моќно и прилично професионално.

Како ја надминавте пристрасноста кога требаше да гласате за двата македонски бендови кои настапија во првата вечер Дед Шот и Ден рајс.

Влатко- Нема пристрасност, мене ми се допадна овој бенд од Скопје, Ден рајс, ми се допадна вокалот и целиот бенд и им посакувам  среќа во финалето. Драго ми е сто влегоа во финале. Беше тесно сите беа добри вчера и беше навистина тешко да се одбере, меѓутоа математиката направи да влезат и тоа е одлично.

Дали на Балканот во догледно време гледате некој нов Влатко Стефановски?

Влатко-Ги има многи гитаристи

-Има многу, но…

Влатко-Видете да ви кажам, јас свирам речиси 40 години и во колективната свест на луѓето стои некој мој звук на гитарата и на сите млади гитаристи им посакувам барем исто толку среќа колку колку што имав ја.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1