Директорот на CNN – Џим Волтон си даде оставка


Најголемиот пад на рејтингот на некогаш најмоќната и најгледана телевизија во Америка и светот, ЦНН, беше причина за заминување на Џим Волтон од директорското место на оваа телевизија.

Десетгодишното управување ќе продолжи до крајот на оваа година, се додека не се пронајде негова компетентна замена.

Ваквата изненадувачка вест Волтон на своите вработени се решил да им ја пренесе преку е-маил, а истото го оправда со тоа дека се нужни промени во ЦНН, со цел да се подобрат работите, како во гледаноста, така и во исправноста на пренесувањето на вестите.

ЦНН во поледните години се соочува со најголемиот пад на рејтинг, а најверојатно истиот доаѓа од фактот што на Американците им е преку глава од пренесувањето на војните кои што американската војска ги создава низ целиот свет, па повеќе сакаат вести кои што би им помогнале во решавањето на домашните проблеми, а како пример е земен домашниот криминал кој што е во последните неколку декади е во подем.

Во моментов според последните рејтинзи и случувањата во Америка, ЦНН го зема третото место на гледаност веднаш зад Fox News Channel и МСНБЦ, нешто што го примора Волтон да се реши да го напушти ЦНН.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1