Убиецот Дино Диневски во Идризово отворил фејсбук профил


Дино Диневски човекот кој што пред шест години ја силуваше и свирепо ја уби Сандра Китановска во скопската населба Автокоманда, по што беше осуден на доживотен затвор , на 20 мај, во затворот Идризово, успеал преку својот мобилен телефон да отвори свој фејсбук профил, пренесува Канал 5.

На профилот постирал слики од затворот, а меѓу 37 пријателства Диневски има склопено и пријателства со профили на естрадни ѕвезди, фолк пејачки и партиски организации. Има слики со цимери од затворот а на едната е и осуденик 25 годишниот Џемаил Земјелов осуден за убиството на 14 годишното девојче.

На профилот му стои дека бил женет и дека денеска прави годишнина. Истовремено е женет со две сестри од Карпош, на кои пак на профилите им стои дека се средношколки. Во фејсбукот го носат неговото презиме „Недопирливиот Диневски“. И двете девојќи му праќале љубовни пораки, а имало и порака до затворскиот командир да се однесувал подобро со Диневски.

Диневски пред шест години беше фатен како се крие во Прилеп, а од обвинението се бранеше дека е наместен со ДНК доказите.

Share Button

Tags: , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1