Експеримент кој ќе ги спаси авионите?


Меѓународниот аеродром во американскиот град Дејтон во државата Охајо експериментира како да ги заштити авионите  од судирање со птиците – насадувајќи трева околу пистите.

Затоа што судирањата на птиците и авионите можат да доведат до фатален инцидент, аеродромите ширум светот вложуваат напори како да ги држат птиците подалеку од аеродромите, а понекогаш стрелаат или трујат јата птици.

djhd

Големите и тешки птици како дивите гуски предизвикуваат најмногу штети на авионите. Се верува дека гуските ја избегнуваат високата трева затоа што се плашат дека во таквата трева се кријат потенцијални грабливци. Затоа службениците на меѓународниот аеродром во Дејтон одделиле 200 од вкупно 2.000 хектари земја за насадување на кратка, односно персиска трева.

Од 2001 година до 2013 година на дејтонскиот аеродром имало 218 судари на диви птици и авиони. Во повеќе случаи во прашање се мали птици, како што се галебите, гулабите и врапците кои обично не прават сериозни оштетувања. Претставниците на аеродромите наведуваат дека целта им е во следните 15 години да не убијат нитуедна птица. Но, меѓународниот аеродром во Дејтон треба да потврди дека техниката на садење на трева е добра и да се погрижи во таа трева да не се населат други, потенцијали опасни животни, како што се глодарите.

Персиската трева би била околу пистата, а веднаш покрај неа висока трева за гуските да не летаат блиску до авионите. Таква трева би се садела посебно на пистите за полетување и слетување.

Секоја година во САД се случуваат до 10.000 судири на птици и авиони. Во повеќе случаи нема оштетување на авионот, но најголем проблем е кога птиците го оштетуваат моторот на леталото. Американското цивилно воздухопловство проценува дека тоа чини 950 милиони долари години годишно.

Некои судари можат да бидат многу посериозни. Еден американски авион во 2009 година морал принудно да следа веднаш по полетувањето затоа што гуските влегле во двата мотори на авионот. Пилотите тогаш изгубиле контрола над леталото. Никој не настрадал, а авионот слетал во близина на реката.

Еден авион во 1960 година се урнал кај бостонскиот залив затоа што птици влегле во сите четири мотори на леталото. Тогаш загинале 62 патници.

Според наводите на надлежните власти во САД, дивите птици од 1998 година убиле 250 луѓе и уништиле 229 авиони.

Повеќето од таквите несреќи се случуваат од јули до октомври, кога младенчињата ги напуштаат своите гнезда и започнуваат миграција.

Дејтонскиот аеродром дневно има 56 комерцијални летови. Две третини од тие летови ги обезбедуваат помалите авиони.

Аеродромите често купуваат големи парцели земјиште за да направат тампон зона и да го заштитат околното население од бучава. Поновите аеродроми сега купуваат земја на која нема ништо, односно служи како големо одмаралиште на птиците преселници.

Густата трева има и други предности – спречува истекување на водата, а бидејќи зема јаглерод-диоксид од воздухот не мора постојано да се коси, туку секоја трета година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1