Експеримент тргнал наопаку: Eксплозија во музеј повредени 7 деца (Видео)


Вработените во Дискавери музејот во Невада изведувале рутински експеримент пред деца кога проади реакцијата на хемикалиите дошло до експлозија во која биле повредени 13 луѓе, вклучувајќи седум деца кои завршиле во болница со изгореници.

eksplozija muzejОдговорните во музејот во градот Рино потврдиле дека во помала експлозија во средата попладне имало повредени и дека децата кои биле примени во болница имале изгореници по лицата и рацете, додека на полесно повредените им била укажана прва помош на лице место.

На Интернет се појави и снимка од инцидентот на која се гледа моментот кога метил алкохол и борна киселина почнуваат да горат додека децата кои седеле на подот за време на експериментот почнуваат панично да бегаат.

Полицијата не навела повеќе информации за степенот на изгореници кај децата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1