Експерт за тероризам: ИСИС се меѓу бегалците, ќе го почувствуваме нивното присуство за кратко


Во Европа со бранот бегалци влегле и борци на Исламската држава, предупредил поранешниот шеф на Службата за заштита и борбата против тероризмот, Герт Поли, кој навел дека најдоцна за пет месеци тоа ќе се почувствува на основа на нивното делување.

“Јасно е дека меѓу нив има и борци на ИСИС. Тие знаат да ја искористат актуелната ситуација во Европа, а не им е потребно ни оружје”, предупредува Поли.isis-flag-imigrants.jpg500

Безбедносните власти во европските земји немаат никаква шанса сега меѓу масите кои доаѓаат да ги пронајдат терористите.

“Германската разузнавачка служба е многу загрижена поради тој факт, бидејќи борците на ИСИС нема да ги чекаат чуварите на редот да ги пронајдат, веќе претходно ќе делуваат. Тоа ќе го видиме најдоцна за пет месеци”, рекол Поли.

Тој истовремено предупредил и на понатамошната опасност, велејќи дека Европејците увезуваат жртви, но и злосторници, и дека мора се внимава на опасните ситуации при сместувањето на азилантите.

Директорот на Службата за заштита и борбата и против тероризмот, Петер Гридлинг, потврдил дека лицата, познати како исламисти, се обиделе на бегалците во Австрија да им понудат помош.

И тој укажал дека бранот на бегалци би можел да биде злоупотребен, но додал дека неговата установа реагира на таквите информации.

За разлика од Поли, тој не верува дека терористите би можеле да го искористат бранот на бегалци за да дојдат во Европа.

Гридлинг својата теорија ја поткрепува со фактите дека условите за транспорт се опасни по живот, и дека потенцијалните терористи би морале цело време да се движат меѓу луѓето кои бегаат од нив.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1