Едно лице загина а 7 се повредени во експлозија во складиште за пиротехнички средства на Холандското острово Курсао.
Двајца од повредените се во критична состојба, соопштил портпаролот на полицијата Реџи Хагинс и додал дека сите жртви се чувари во магацинот.
Не се знае како дошло до експлозијата, вештаците го испитуваат магацинот кој по експлозијата се опожари и е комплетно оштетен, јавува AP.