Серија експлозии во небото на Урал во Русија, наводно, предизвикани од метеорски дожд предизвикаа паника кај населението на три града. Светските медиуми ја пренесуваат веста како и аматерските видеа од настанот.
Очевидци јавија дека куќите се треселе, прозорци се скршени и мобилни телефони кои замолчеле во еден секунд – престанале да работат.
МЕТЕОРИТ УДРИЛ И ВО ФАБРИКА – 150 ПОВРЕДЕНИ (ВИДЕО/ФОТО)
Атмосферскиот феномен е регистриран во градовите Chelyabinsk, Yekaterinburg и Tyumenи.
Во Chelyabinsk, јавија очевидци експлозијата била толку гласна што наликувало на земјотрес и грмотевици во исто време, а на небото има огромни патеки од чад.
Пријавено е дека се видени предмети кои горат како паѓаат на земјата.
Се евакуира населението
Полицијата во регионот Chelyabinsk наводно е во состојба на готовност, и спроведува план за да се заштити виталната инфраструктура.
Канцелариски згради во центарот на Chelyabinsk се евакуирани. Повредени беа пријавени во едно од средните училишта во градот, наводно од скршените прозорци.
Нема други повредени пријавени досега.
Итна порака е објавена на веб страната на Chelyabinsk со која се побара од жителите да ги соберат нивните деца од училиште и да останат дома ако е можно.
според некои очевидци наликувало како да е несреќа на воен борбен авион или ракетена експлозија.
“Според прелиминарните податоци, експлозиите на Урал беа предизвикани од метеорски туш”, изјави Министерството за итни случаи за Итар-Тасс.
Многу локални жители објавија дека експлозијата ги искршила прозорците на нивните куќи.
“Ова експлозија, страшно прво громогласно тресење потоа прозорци беа искршени … телефонот не работи,” напишала Евгенија Габун на Твитер.