Експлозии во Куманово и Тетово – Нема напад врз полициските станици


Нема напад врз полициските станици во Тетово и Куманово. Според информациите до кои дојде Сител во двата града се слушнале експлозии но според официјалните информации од МВР, не станува збор за напад на полициските станици како што објавија неколку албански медиуми во земјава, туку станува збор за обид на албанските медиуми да креираат тензија.

policija bomba

Потврда дојде и од портапролот на СВР Тетово Марјан Јосифосвски. Тој изјавил дека не станува збор за бомба и дека експлозија во дворот на полициската станица немало. Како што нагласи портпаролот на СВР Тетово, екипите го вршат увидот на теренот околу полициската станица и засега нема потврда дека се работи за експлозивна направа Експлозија се слушна од насока на оградата на Секторот за внатрешни работи во Тетово.

Како што објавија албанските портали, вечерва околу 22 часот на полициската станица во Куманово, непознати сторители фрлиле експлозивна направа. Според нивните информации, се работело за рачна бомба кашикара, која била подметната во шахта од улицата кај основното училиште „11 Октомври“ .

И МВР демантираше дека се нападнати полициските станици во Тетово и Куманово.

„Пријавено беше дека во близина на полициските станици во овие градови се слушнале експлозии. Екипите веднаш излегоа на терен. Утврдено е дека не се нападнати полициските станици и дека нема никаква штета ниту на полициската станица во Тетово ниту на станицата во Куманово. Увидот се` уште трае, а по неговото завршување ќе знаеме точно за што станува збор“ – соопштиле од МВР за Press24.

Пред малку А1ОН објави фотографии и информација дека експлозијата во Куманово била пред зградата на ДБК во овој град

ФОТО: Во Куманово фрлена бомба пред зградата на ДБК

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1