ФОТО+ВИДЕО: Полицијата ја истражува експлозијата во Тетово


Албански портали пишуваат дека вечерва се фрлени бомби врз две полициски станици, едната во Куманово, а другата во Тетово при што нема жртви.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски во изјава за Плусинфо ги демантира ваквите информации.

– Не е бомба и не е во полициската станица. Нешто се слушнало надвор, но ова се само првични информации кои ќе морам да ги проверам за што точно станува збор – вели Јосифоски.

274-620x293

Албанските портали јавуваат дека вечерва околу 22 часот на полициската станица во Куманово, непознати сторители фрлиле експлозивна направа.

Според неофицијални пренесени информации, најверојатно се работи за рачна бомба кашикара, која била подметната во шахта од улицата кај основното училиште „11 Октомври„ .

Од експлозијата нема повредени полицајци, само било оштетено едно возило.

Експлозии во Куманово и Тетово – Нема напад врз полициските станици

ФОТО: Во Куманово фрлена бомба пред зградата на ДБК

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1