Експлозиите во Брисел во близина на македонската амбасада и македонската мисија при ЕУ


Протипожарната единица на главниот град на Белгија ги потврди експлозиите што се случија утринава на аеродромот, како и на метро станицата на улицата Арт-Лоа, каде се наоѓаат и македонската амбасада во Белгија и македонската Мисија при Европската унија, јави дописникот на МИА.3briselski-aerodrom (1)

Бомбите на „Завентем“, според неофицијални информации, одекнале во подземната железничка станица под аеродромот, предизвикувајќи сериозна материјална штета на предниот дел на аеродромската зграда, кај влезот наспроти хотелот „Шератон“.

Очевидци на настанот изјавија дека неколку луѓе лежат повредени на тротоарот пред влезот на меѓународниот аеродром. Сите приоди и излезни патишта кон бриселскиот аеродром се затворени, а полицијата детално го претресува секој автомобил и сомнителни лица.

Според белгиската националната франкофонска телевизија РТБФ, евакуирани се сите лица и патници, а затворена е и железничката станица на „Завентем“.

Затворени се и аеродромите Антверпен, Остенд-Бриж и Кортрејк во фламанската провинција на Белгија, а не сообраќа ниту метрото во Брисел. Сите летови се пренасочуваат кон јужниот бриселски аеродром во гратчето Шарлроа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1