Доцна вечерва дошло до екплозија во населбата Ѓорче Петров која ги вознемирила жителите на овој дел од Скопје.
Според информациите кои ни ги доставија читатели експлозијата била силна и се случила околу 23 часот, a низ населбата се проширил црн, густ чад.
Како што дознаваме се работело за експлозија на трафостаница која се наоѓа во непосредна близина на полициската станица. Поради експлозијата целата улица ,,Шидска,, нема струја. Трафостаницата била и опожарена, а противпожарната бригада пристигнала дури по половина час.
Според информациите од читателите околу 22 часот во овој дел од населбата снемало струја, па биле повикани екипи на ЕВН. според читателите до експлозијата дошло во периодот кога тие интервенирале во трафостаницата. Нема информации дали до експлозијата дошло за време на интервенцијата или по неа и дали евентуално има повредени.
Од ЕВН ни потврдија дека дошло до експлозија, повеќе информации за што точно станува збор, дали има повредени работници и колку време ќе се жителите, кои од оваа трафостаница се напојуваат со електрична енергија, без струја – во текот на утрешниот ден.