Околу 22 часот, автомобил „Југо“ се забил во автомобил „Ауди“ по што настанала експлозија и автомобилите се запалиле.
Несреќата настанала најверојатно поради дефект на Југото кое започнало да испушта плин, по што девојката која го управувала, веднаш го напуштила возилото. Југото удрило во друг автомобил марка „Ауди“ по што настанала експлозија и двата автомобили се запалиле.
Во меѓувреме, во непосредна близина, на улицата Разловечко Востание имало грабеж при што припадници на МВР бркале крадци. Целиот инцидент со автомобилите веднаш бил забележан и од полицајците и секако од околното население при што биле повикани припадници на противпожарната единица.