Експлозија на станица во Москва, повредени три жени (Видео)


Три лица се  повредени во експлозија на импровизирана експлозивна направа на станица на градскиот транспорт во центарот на Москва, објавија руските медиуми, кои се повикуваат на полицијата. Според информации на “Интерфакс”, во нападот се повредени 3 жени. Две од нив, на 28 и 29 години, се во болница, а третата, 42 годишна  одбила лекарска помош.moskva bomba

Тие биле повредени од шрапнели  при експлозијата. Извор на РИА Новости додава дека експлозивната направа била фрлена меѓу луѓето кои чекале на автобуската станица. На местото на инцидентот имало  многу полицајци, спасувачи од Министерството за вонредни ситуации и специјални единици.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1