Детонација се случила пред Основен суд Скопје 2 вечерва, без посериозни последици. Се врши увид кој треба да покаже што експлодирало пред судот јавува Плусинфо.
Случајот го пријавил вработен во судот.
Од МВР велат дека полициски екипи веднаш излегле на терен. Утврдено е дека нема повредени и нема оштетни автомобили. Единствено оштетена е една жардинера.
Голем број полициски службеници во моментов се наоѓаат пред скопскиот Кривичен Суд.