Во куќата на К.К. (66) во Мала Речица, Тетовско кој е на приверемена работа во Италија, вчера во 23.50 часот експлодирала направа со спорогоречки фитил.
Полицијата соопшти дека сторителот кој се уште е непознат за полицијата, синоќа насилно ја отворил помошната врата на приземјето од куќата, влегол внатре и на самиот влез од дневната соба во кујната поставил експлозивна направа со спорогоречки фитил, го запалил по што го напуштил местото на настанот.
Од детонацијата целосно била оштетена внатрешноста на приземната просторија, дрвените прозорци, фасадата… На соседната куќа сопственост на М.Б.(57), кој во моментот на експлозијата со семејството бил во неговиот дом, од исфрлените дрвени прозорци на кујната, скршено било стакло на прозорец од претсобјето.
Екипа на полицијата и на јавното обвинителство извршила увид, пронајден бил предметен материјал и доставен на вештачење.
СВР-Тетово презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.