Плинска боца експлодирала вечерва во стан на улицата „Будамаш” во Прилеп при што биле повредени осум лица, од кои еден пожарникар.
Повредените добиле изгореници и веднаш биле пренесени во прилепската болница и не се во животна опасност.
Соседите изјавуваат дека екслозијата била многу силна. Пожарникарите веќе интервенирале и спречиле проширување на пожарот од станот на вториот кат.