ЕУ ќе бара Македонија да ја блокира границата за бегалците


Лидерите на Европската унија го разгледуваат планот за запирање на влезот на мигрантите преку Балканот и целосна блокада на македонската граница со Грција, со што грчката власт ќе биде присилена итно да поработи на заштита на надворешните граница на Унијата, тврди британскиот весник Фајненшел тајмс.migranti gevgelija makedonija policija

Лондонскиот весник наведува дека за тоа во понеделник ќе расправаат министрите за внатрешни работи на ЕУ и додава дека Европската комисија и заинтересираната Германија се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија ситуацијата да се промени така што ќе и се помогне на Владата во Македонија да ја затвори границата со Грција и да се спречи неконтролиран прилив на мигранти.

За словенечкиот предлог и замислата на две години да се стави вон сила шенгенскиот простор без граници во случај на “трајна сериозна нефункционалнот“ во средата веќе разменија мислења амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел, кој го подготвуваа дневниот ред за заседанието на министрите за внатрешни работи на ЕУ за понеделник во Амстердам.

И при посетата на унгарскиот премиер Виктор Орбан на Словенија, тој го поддржа словенечкиот предлог “со директна помош на Скопје да се издејствува засилување на надзорот на границата со Грција и така да се запре бранот нерегуларни имигранти“
Големо внимание привлече и изјавата на германската канцеларка Ангела Меркел дека турскиот премиер Ахмет Давутоглу и дал цврсто уверување дека ќе направи се да се стопира приливот на мигранти кон Европа, кој за возврат би добил за Турција три милјарди помош од ЕУ.

b87b4364b58b2c58dc45a6039f7d4ba0

Во некои медиуми тоа беше протолкувано и како остра критика кон Грција, а на тоа се надоврза и австриската министерка за внатрешни работи Јохане Лајтнер која се закани дека Грција ќе биде исфрлена привремени од Шенген зоната ако не ја зајакне контролата на својата граница и го спречи приливот на мигранти.

Коментаторите на повеќе медиуми во ЕУ посочуваат дека со затворањето на македонско-грчката граница, Грција ќе биде изолирана од шенгенскиот простор и останатиот дел на Унијата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1