Експлозија во Турција, десет мртви, 25 повредени


Најмалку 12 луѓе загинале во силна експлозија којашто се случила на територијата на Турција недалеку од границата со Сирија, пренесуваат турските медиуми според чии процени бројот на ранетите се движи меѓу 20 и 50 луѓе.

Според првичните податоци, експлозивната направа била активирана наспроти влезот на објектот на Културниот центар Амара во областа Суруч во покраината Шанлиурфа, пренесува телевизијата NTV. Во овој објект престојувале околу 300 млади луѓе, претставници на федерацијата на младински социјалистички здруженија и организации.turcija eksplozija

Експлозијата, како што претпоставуваат соговорниците на телевизијата, најверојатно ја предизвикал бомбаш самоубиец на џихадистичката терористичка организација Исламска држава.

Телевизијата Habertürk, пак, јавува дека во нападот имало десет загинати лица, додавајќи дека 45 се хоспитализирани со разни степени на повреди. И изворите на оваа телевизија велат дека зад експлозијата стои Исламската дражва.

На местото на експлозијата ангажирани се лекарски и силни полициски екипи. Безбедносните сили и припадници на антитерористичката служба на регионалната управа за безбедност го блокирале приодот до местото на нападот.

Медиумите во Турција пишуваат дека најмалку 300 членови на Федерацијата на здруженијата на социјалистичката младина (SGDF) се собрале во Културниот центар Амара, во рамките на летната школа за помош во обновата на Кобане, третиот по големина град на сириските Курди кој беше повеќе од половина година под опсада на Исламската држава, кој се наоѓа неполн километар од другата страна.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1