Екстра Меин: Анализите покажаа, во нашата фабрика нема листерија – Надлежните ќе кажат утре


Нема листерија во погоните на „Екстра Меин“, покажаа тестирањата на земените мостри и брисови од вонредниот увид. Сите се негативни на бактеријата, соопшти компанијата, повикувајќи се на резултатите добиени попладнево од Институтот за јавно здравје.

06.08ekstra1Утре се очекуваат и резултатите од суперанализата на спорниот производ – вакумиран чаден сечкан свински врат, најден во малопродажен објект во Гевгелија.

– До попладневните часови, сите објавени анализи од Институтот се негативни на присуство на листерија моноцитогенес што значи дека производствениот погон на „Екстра Меин“ не е контаминиран со бактеријата листерија. Резултатите од останатиот дел од почнатата анализа до компанијата се очекува да биде доставен во текот на утрешниот ден, информира „Екстра Меин“.

Според фабриката, сите нивни производи, вклучително и сечканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 степени целзиусови што загарантирано ја уништува бактеријата листерија. Она што не е во нивниот домен и врз кое немаат контрола е начинот на натамошно чување на производите во малопродажбата откако ќе ја напуштат компанијата и нејзините капацитети. 

rezultati-ekstra-mein

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1