Електричар пронајден мртов во Радишани


Вчера попладне, жена го пронашла мртов електричарот кој ја поправал електричната инсталација во нивната куќа во скопско Радишани.

41 годишниот Златко Деспотовски работел како електричар во куќа на „Ѓоре Ѓорески“ во Радишани, сопственост на Д.К.

Работел сам а кога мајката на сопственикот дошла го нашла безживотното тело на на подот, веднаш повикала полиција. Телото е предадено на обдукција. Не се знае дали Деспотовски починал од природна смрт или од струен удар. Според првичните информации на телото не се пронајдени траги на насилство.

Tags: , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1