Елко, елко стигни на плоштад пред Нова година – дури денес ќе се бира фирма за украсување


На речиси еден месец пред Новата година, се уште не се знае која фирма ќе го украсува плоштадот Македонија и централното подрачје каде што голем дел од граѓаните ја чекаат најлудата ноќ. Град Скопје денеска ќе ги разгледува понудите на фирмите кои се пријавија на тендерот за украсување на плоштадот Македонија и улицата “Македонија”.

skopje ukrasenoСепак, и доколку се избере фирма останува законскиот рок од една недела за жалба на фирмите доколку имаат забелешки на изборот. Со оглед на тоа што избраната фирма ќе мора да го украси плоштадот до 15 декември тоа ќе значи дека новогодишната атмосфера ќе ја фатиме во последен момент. Од Градот велат дека по изборот на фирмата ќе се знае и во кои бои ќе биде центарот за дочекот, пишува Вечер.

Иста ситуација е и во Општина Центар. И оттаму, велат, дека се уште немаат избрано фирма која ќе ги украсува улиците во општината.

Иако од општината велат дека изборот на фирма за украсување е во тек, ова го негираат фирмите што се занимаваат со оваа дејност и кои конкурираат на овие тендери. За “Вечер” тие велат дека кога побарале да се пријават на тендерот од Општина Центар им било речено дека се уште не е распишан. Исто така, сопствениците на фирмите реагираат и дека многу доцна се распишуваат тендерите, па времето што останува за украсување на Градот е многу кусо и се треба да се направи преку ноќ.

Лани за дочекот на Новата година елката на плоштад беше украсена во бело, а граѓаните ги забавуваа музичари од домашната естрада. Се уште нема информации дали и оваа година ќе има само македонски изведувачи.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1