Разулавен фан на Вардар фрлил стол на Ренато Вугринец (Видео)


Актуелниот шампион на Македонија, РК Вардар, во шестото коло во ракометната Лига на Шампиони доживеа пораз од својот најголем ривал, РК Металург.

DSCN6814Натпреварот беше полн со тензии, имаше неколку инциденти на неутралните трибини но она, што навистина не смееше да се случи, дојде во 51 минута од натпреварот, кога еден разулавен фан на РК Вардар, фрли со столче по најдобриот играч на “металурзите“ во тој дел од натпреварот, Ренато Вугринец, пишува sportclub.mk

Овој потег е за секоја осуда, но јавноста, не смее да им суди на навивачката група “Комити“ затоа што тие, на дуелот против Металург, приредија навивање од светски размери, туку на личноста, која индивидуално, по своја волја го направи потегот кој ретко, го гледаме на нашите ракометни терени.

(Инцидентот можете да го погледнете во видеоматеријалот на 0.35)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1