Граѓанскиот брак го склопиле уште во 2005 година, но откако Британија пред една година го легализираше истополовиот брак сакаат да станат брачни партнери.
Британскиот музичар Елтон Џон (67) и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Фурниш (52) планираат божикна венчавка. Геј-двојката склопи граѓанско партнерство во 2005 година, но сега сакаат да станат брачни партнери. Судбинското ДА ќе го изречат на 21 декември на свечноста во нивниот дом во Виндзор, а венчавката ја планираат веќе со месеци.
– Тоа ќе биде мал интимен обред. Поканети се драги и блиски луѓе и семејството – рекол нивен пријател.