Ем бизнис, ем здрава храна: Марко Јариќ ќе прави ајвар во САД


Поранешниот американски кошаркар Марко Јариќ започнува нов бизнис во САД и планира да отвори фабрика за производство на ајвар.

 Рецептот за овој производ го купил од жителите во јужна Србија. Тој е убеден дека овој производ многу ќе им се допадне на Американците, а тој веќе е заштитно лице за ајварот во САД.lima jaric

– По бизнисот со недвижностите во кои беше многу успешен, Марко со неколку пријатели почна да инвестира во здравата храна. Јариќ веќе е заштитно лице на брендот на ајварот во САД, а закупил и фабрички простор во кој овој деликатес ќе се произведува.

Рецептурата за овој производ е купена  од селаните во јужна Србија, а се зборува дека станува збор за најдобриот рецепт од нашите простори – открил добро упатен извор.

Познатиот кошаркар и бизнисмен верува во овој деловен потфат и сигурен е дека ајварот ќе им се допадне на сите луѓе во САД. Со оглед на тоа што таму живеат многу луѓе  кои потекнуваат од Балканот тие ќе бидат воодушевени кога тегла ајвар ќе биде пуштена во продажба, додал изворот.

Инаку Јариќ е талентиран за бизнис, а неговото богатство е проценето на многу повеќе отколку што има неговата поранешна сопруга, бразилската топ-моделка Адријана Лима.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1