Ова се вистински фотографии од Колинда (Фото)


Таблоидите во Србија на насловните страни веќе со денови “си играат” со лажна фотографија од Колинда Грабар Китаровиќ, на која има блондинка во костим за капење, па му порачуваат на својот претседател Николиќ дека истата блондинка ќе го побара и заедно ќе ја бараат нејзината љубов од младоста. Проверено, таа фотографија не е автентична, ниту на неа се наоѓа Колинда Грабар Китаровиќ. Но, затоа хрватски 24 sata дошол до вистинска фотографија од новата хрватска претседателка во костим за капење.

Таа била фотографирана во 2013. година на Корнати и очигледно е дека претседателката на државата знае дека нејзиниот шарм и сексапил може да ѝ помогнат во подобрување на политичкиот имиџ.kolinda11

Сепак, тоа може да не им се допаѓа на сите во нејзината партија, како што не му се допаѓало на нејзиниот поранешен шеф, Иво Санадер. Додека била шефица на хрватската дипломатија во Владата на Санадер, таа не криела дека знае со својот шарм да се избори за популарност во највисоките дипломатски кругови. Секако, повеќето биле мажи…Популарноста на Колинда пораснала вртоглаво, па постојано била на мета на светските фоторепортери. Тоа не му се допаднало на нејзиниот шеф. Љубоморен и завидлив, Санадер сакал да го задржи монополот на позицијата “најомилен хрватски политичар во меѓународните кругови”, па Колинда набрзо била сменета и пратена во Вашингтон.kolinda1

 

Во хрватската политика, прашањето за жените, шармот и убавината, по правило, било коментирано и доживувано како сексистичко. Грабар Китаровиќ тоа можела би можела да го промени. А, што ќе се случело доколку во хрватска повторно бил избран маж за претседател?

“Сигурно немаше да се пишуваат вакви работи”, убеден е еден искусен хрватски дипломат, кој тврди дека привлечниот изглед на Китаровиќ е предност.

“За воспоставување на контакти, секако дека е предност, но во работата тоа не е одлучувачки фактор. На жените им е потешко да дојдат до високи позиции бидејќи сè уште зборуваме за машки свет, но еднаш кога ќе успеат, тогаш може да бидат во предност”, вели дипломатот.

“Таа веќе сега е одлично прифатена во дипломатскиот свет. Мислам дека за неа, но и за секој на таа позиција, најважно е да ја покаже својата способност за водење. Без тоа нема ништо”, убеден е тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1