Ем пари за нотар ем за адвокат – арно ама ако се усвои законот Македонија ќе лета од Нотарската унија


На земјава и се заканува исклучување од Меѓународната нотарска унија доколку се усвои Предлог- законот за нотаријат. Меѓународната унија на нотарите се противи на предлог-измените во Законот за нотаријат со кои се воведува обврска за ангажирање адвокат при склучување одредени договори пред нотар

Од унијата посочуваат дека неговото донесување ќе ги наруши основните принципи на функционирање на членките во оваа организација, и неприфатливо  е да се усвои.

zirant dogovor izvrsitel

Предлог законот беше донесен кон крајот на минатата година и предвидува задолжително присуство на адвокат при составувањето на нотарски акти во вредност повисока од 20 000 евра и приватни исправи во вредност поголема од 10 000 евра.

За нотарите ваквата законска измена ќе ги зголеми трошоците кои граѓаните ги имаат при склучувањето на договорите. Тие велат дека досега странките за преддоговорите за купопродажба, плаќале само 100 ден за заверка на потпис кај нотар, и истата сума за судска такса.

Земјава е членка на оваа организација од 2001 година, а во неа членуваат 86 земји од светот,од кои 22 се членки на ЕУ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1