Драган Николиќ пред својата смрт имаше емотивна исповед на магазинот Стори, за кој раскажа се за бракот и животот и за тоа зошто тој и Милена немаат деца.
-Прв пат се заљубив како мало дете. Не паметам точно во кого, но бев заљубен уште како дете. Повеќе бев оставан отколку што бев сакан. Моја најголема љубов е Милена. Уште од кога ја видов се почувствував дека ми е стара пријателка од школо која долго не сум ја видел. Тоа е и нејзината најголема доблест. И покрај популарноста која ја имаше пред мене, секогаш се однесуваше со сите љубезно, па и со мене. Тоа е нејзината големина, вели тој за запознавањето со Милена.
Вели дека ја запросил ненадејно со два-три збора бидејќи не е многу зборлив.
– Како и во секој брак имаше кавги и недоразбирања. Сепак, успеавме да опстанеме со разбирање. Не знам дали е олеснителна околност што имаме иста професија, или не, но постојано бевме заедно, вели Драган.
Околу тоа дека тој и Милена не беа родители, Гаго рекол: – Да се биде родител е едно прекрасно искуство, сметам дека тоа што немаме деца е голем недостаток, но не и мана. Тоа ни дава шанса сите деца да ги гледаме како свои. Имаме мала внука, Ива, таа ни надомести се, рекол тој.
Инаку, актерот почина по долга борба со тешката болест на 72 годишна возраст.