Каков бил бракот на убиената Јелена: Што се случувало зад затворени врати?


Пејачката Јелена Крсмановиќ беше брутално убиена и ѕверски мачена пред девет дена, а нејзините колеги и пријатели уште не можат да се помират со загубата.

Убавата пејачка и мајка на петгодишно дете беше погребана во четвртокот, а нејзините најблиски пријателки од естрадата не можат да поверуваат што се случило и дека нивната пријателка навистина веќе ја нема.krsmanovic

– Јелена беше голема жена. Прекрасна личност. Сите кои ќе дојдеа во нејзиниот и домот на Зоран ги пречекуваше со насмевка на лицето. Имаше нерви за се, раскажува нејзината пријателка, Ванеса.

Таа признава дека Јелена и Зоран живееле среќно и складно, во хармонија и љубов, и секогаш биле одлично друштво.

– Секој брак си има кавги и несогласувања, но секогаш беа насмеани и позитивни. Никој не знае што се случува зад затворени врати, но навистина беа хармонични и среќни, додава таа.

И пејачката Инди која беше една од најблиските пријателки и колешки на Јелена, вели дека секогаш ќе си ја памети пријателката како вечно дете, постојано насмеана, позитивна, ведра, спонтана…

– Го познавам Зоран, со години сме пријатели со Јеца. Народот сега сешто ќе зборува, но тие беа среќни. Верник и човек како него не може да направи такво зло. Имаа добар брак, каков што ретко кој има на естрадата. Тие беа совршен пар, вели Инди.

За потсетување, Јелена беше убиена со 30 удари во главата со дрвена палка. Черепот буквално и бил смачкан поради што таа умрела веќе по петтиот брутален удар, но монструмот продолжил ѕверски да ја удира. Потоа крвава ја фрлил во канал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1