Тројца бомбаши самоубијци се разнесоа во полициска станица во Русија (Видео)


Полициската станица во рускиот регион Ставропол беше мета на напади, пренесуваат локалните медиуми. Одредени наведуваат дека во нападот учествувале тројца бомбаши самоубијци.РИА Новости наведува извори од безбедноснтие служби кои им рекле дека биле користени пет експлозивни направи во нападот.ch-49671

Екстремистите загинале од самата експлзоија.

Според информациите кои пристигнаа од самото место, нема убиени цивили ниту полицајци.

-Двајца милитанти се убиени во нападот на полициската станица во регионот Ставропол.Еден од ниве е убиен во обидот да го помине контролниот пункт. Другиот успеал да ја активира експлозивната направа, стои во извештајот на локалната полиција. Од таму велат дека полицијата е на штрек по овој терористички напад.

Регионот Ставропол се наоѓа во Јужна Русија, во близина на турбулентниот Северен кавказ.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1