Тајни агенти на Европол инфилтрирани меѓу мигрантите во Грција


Европската полициска агенција Европол распоредила тим прикриени агенти во центрите за регистрација на мигранти низ Грција, со цел да се спречи инфилтрација на оперативци на Исламска држава и да се намалат активностите на други криминални мрежи, дознава „Катимерини“.migranti-grcija-640x294

Во интервју за неделното издание на весникот, Роберт Чрепинко, словенечкиот директор на новоформираниот Европски центар за криумчарење мигранти (ЕМСЦ) кој е во рамките на Европол, изјави дека 10 прикриени полицајци на тајна задача во моментов се стационирани на егејските острови Лезбос, Самос, Хиос и Лерос, како и на пристаништето во Пиреја, со задача да ги проверат сомнителните имигранти и да ги споредат со базите на податоци на Европол, во Холандија.

– Заедно со грчките власти правиме секундарни безбедносни проверки за да се проценат можните опасни мигранти пред тие да влезат во ЕУ, изјави Чрепинко додавајќи дека „покрај филтрирањето осомничени екстремисти, операцијата има за цел да ги поддржи грчките власти и во други области поврзани со организиран криминал и шверц на мигранти“.

Операцијата била договорена на итниот самит на министрите за внатрешни работи на ЕУ по терористичките напади во Париз во ноември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1