К-15 со години беа нашата дневна доза хумор, а Цацко Конопишки, Миле Паника и Тошо Малерот ни беа омилените ликови. Од ова трио, Тошо Малерот односно Васко Тодоров среќно се ожени и животот ќе го продолжи во Австралија.
Неговиот другар Бранко Огњновски, попознат како Миле Паника на својот профил на Фејсбук објави дека е тажен што неговиот пријател си заминува. Миле Паника се прости од својот другар со заедничка фотографија под која напиша емотивна порака.
„Тажен сум. Ми отиде другарчето. Гуд лак мај френд.“